МакедонијаНајново

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 2 782.3 милиони евра и бележи пораст од 6.9 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 3 950.2 милиони евра, што е зголемување од 5.9 отсто во споредба со 2025 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50.4 отсто во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.3 отсто во вкупната размена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons