Актуелно

Зголемен бројот на разводи во земјава 

Додека за повеќето луѓе бракот се смета за света институција, друг феномен кој добива на интензитет е разводот. Последните статистички податоци покажуваат загрижувачки пораст на бројот на парови кои одлучуваат да се разведат. 75-годишниот Лиман Исмаили, се чуди како денес младите воопшто не се двоумат кога станува збор за разделбата.

“Зборувам за порано, не се случуваше такво нешто или многу ретко
Денес насекаде слушам, се разделиа оние, овие.
Тој во минатото бил имам во едно село и вели дека од стотиците венчавки што ги извршил, само една резултирала со развод”.

„Порано немаше проблеми, имав само еден проблем во мојот живот, бев имам 20 години и ме повикаа на суд, ми рекоа си бил оџа, имам во она село, реков да јас бев, дали го имаш писмото на ниќах, реков да, но тоа е обична хартија. Во рок од 20 години направив стотина венчавки, на само кај една имав проблем. Но сега, видете, сега тие се знаат, порано не сме се знаеле и таму во селото, никогаш не сме ги виделе ниту девојката, ниту момчето, но сме имале слога и не се случувале овие работи, а денес има многу проблеми…“, рече Лиман Исмаили.

Психолозите и социолозите велат дека факторите кои најмногу влијаат врз растот на оваа појава се одлуката за склучување брак пред парот да се запознае добро, потоа недостатокот на меѓусебна толеранција и економски притисоци кон нереализираните очекувања.
„По бракот кога почнуваат да живеат заедно и се запознаваат подобро, излегуваат на површина работи што не се видени навреме. Не се исти интересите, не се исти очекувањата.  Да не ги заборавиме и другите причини, можеби социолошкиот аспект е и кругот каде што живеат. Бидејќи парот како пар имаше очекувања дека ќе имаат своја приватност“, рече Фатиме Зибери, психолог.

Од друга страна, адвокатите зборуваат за искуства со правните процеси кои стануваат се почести. Адвокатот Скендер Мехмеди, вели дека најголем број на разводи се прават со договор помеѓу паровите, додека помалку разводи се прават врз основа на тужба од едната страна. Според Мехмеди, одлуката за развод често се случува во афект, тој дури објаснува како еден пар кој одлучил да се раздели, се повлекле од оваа одлука, а причина била доцнењето на документацијата.

„Честопати дошле под стрес и барањето е да се изврши побрзо, да ги стекнам моите права, но можеби тоа е реакционен момент, каде што нашата улога не е само формален правен совет, туку мислам дека нашата обврска е надвор од тоа. Ќе споделам со вас случај каде што ми се обрати еден познат, чија документација задоцни, додека не се комплетираше. И поради доцнењето на документацијата, парот спонтано ја виделе можноста и нашле причина зошто да не продолжатсо разводот и ги повлекоа документите, а сега имаат и дете…“, рече Скендер Мехмеди, Адвокат.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на разводите е зголемен за 9,4 отсто во однос на 2022 година. Оваа година имало 175 разводи. Според возраста, најголем број разводи се случуваат на возраст помеѓу 35 и 39 години, додека најчестиот развод се случува помеѓу 5-тата и 9-тата година по стапувањето во брак./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons