Македонија

Зголемен бројот на заразени од Ковид-19 за време на новогодишните прослави 

За 60 проценти е зголемен бројот на позитивни на ковид 19 минатата недела. И покрај овој драстичен пораст, бројките не се алармантни бидејќи во моментот има само 204 активни случаи во земјата. Најмногу заболени има кај постарите од 60 години кои имаат и други хронични состојби а во полседните 7 дена е регистрирано и двојно повеќе реинфекции.

-Доаѓаат во амбулантите со горнореспираторни симптоми, некои и со бронхитични наоди но тие се на домашно лекување. Многу мал број имаат потреба од болнички третман и хоспитализација, вели д-р Маја Дуганова инфектолог во ГОБ 8-ми септември.

Комисијата за заразни болести на последниот состанок повтори дека носењето на заштитни маски во болници, аптеки и јавен превоз остануваа како задолжителна мерка, иако речиси никој не го почитува тоа. Нема интерес ниту за вакцинација против ковид 19 и едвај педестина граѓани неделно ги посетуваат пунктовите за имунизација. Бидејќи сме во сезона на слави и предновогодишни забави а освен пандемискиот ординациите ги полнат и грипот и респираторниот синцицијален вирус, лекарите апелираат на лична заштита и внимателност.

-Ниските температури и повеќе престој во колективи во затворен простор, во време на празници, секако дека ќе биде ризик за зголемување на респираторните инфекции, вели др. Дуганова.

Вирусните инфекции се причина детската болница во Козле веќе втор месец да е преполна со пациенти и нема слободен кревет за хоспитализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons