Спорт

Зверев е финалист на Ролан Гарос, нова шанса за прв гренд слем трофеј

Александар Зверев го победи Јакуб Меншик со 3:1 во полуфиналето на Ролан Гарос, обезбедувајќи си место во големото финале, германскиот тенисер ќе има четврта шанса за прв грен слем трофеј во кариерата.

Зверев никогаш не бил во подобра позиција за да освои грен слем трофеј, во ситуација кога пред себе ги нема Ѓоковиќ, Синер и Алкараз, тој е главен фаворит и таква улога ќе има и во финалето.

Меншик пружи отпор во првиот сет, но Зверев го доби со 7-5 и поведе со 1-0. Вториот убедливо му припадна на Германецот со 6-2.

Но, Чехот се врати во живот откако го доби третиот сет со 6-3. Сепак тоа беше се што направи, во четвртиот сет Зверев беше подобар со 6-3 и го доби мечот со 3-1 во сетови.

Во финалето Зверев ќе има италијански противник бидејќи второто полуфинале го сочинуваат двајца тенисери од оваа земја, Арналди и Коболи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons