Македонија

Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов фатен со заѕидани 350.000 евра

Во скопската населба Тафталиџе ноќеска изгоре автомобил, кој според неофицијални информации го користел судијата Ѓоко Ристов.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 02:50 часот во СВР Скопје. Пожарот избувнал на патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р., на подрачјето на Карпош.

Во пожарот биле оштетени и уште две возила – „Фолксваген туран“ сопственост на Д.М. и „Сангјонг“ сопственост на С.С., како и деловен објект во сопственост на Г.Л.

Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од МВР велат дека во тек е увид за утврдување на причините и околностите за настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons