Актуелно

Заврши зимскиот распуст, почнува второто полугодие 

По тринеделен зимски распуст, денеска за учениците од основните и средните училишта почнува второто полугодие од оваа учебна година.

Учебната година ќе заврши на 10 јуни, освен за матурантите, кои ќе имаат настава до 16 мај.

Оваа година учениците нема да имаат пролетен распуст, како што беше случај минатата година, кога учебната година траеше до 17 јуни.

По повод почетокот на второто полугодие, министерката за образование и наука, Весна Јаневска им посака успешно совладување на новите предизвици на учениците, наставниците и родителите, посочувајќи дека сите заедно треба да придонесат во градењето на безбедни училишта во кои владее култура на разбирање и собработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons