Спорт

Жозе Мурињо реагираше на скандалот во турскиот фудбал

Жозе Мурињо во свој стил реагираше на скандалот на натпреварот Галатасарај-Адана Демирспор. Турскиот фудбал повторно го тресе скандал – споменатиот меч беше прекинат во 30. минута откако гостите по одлука на нивниот претседател решија да го напуштат теренот.

Се започна во 12. минута, кога судијата досуди пенал во корист на Галатасарај. Алваро Мората беше сигурен од белата точка и им донесе водство на лидерите во Суперлигата, но реакцијата на гостите дојде дури половина час подоцна.

Слични инциденти не се невообичаени во турскиот фудбал, а неодамна беа особено во фокусот на двата најголеми клуба – Галатасарај и Фенербахче.

Не недостигаа реакции од ривалскиот табор – Жозе Мурињо, тренерот на Фенербахче, на свој препознатлив начин го прокоментира скандалот.

Португалецот најпрвин објави слика на Инстаграм на која аплаудира „честитајќи“ на судиската одлука, а потоа и видео од контроверзниот пенал и сето тоа со музиката на песната „Повикај полиција“.

Според турските медиуми, натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Галатасарај, додека Адана Демирспор најверојатно нема да остане неказнета – се очекува одземање на два бода.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons