Спорт

Ефикасна игра на ракометниот национален тим 

Нашите најдобри ракометари со победа против Израел и пораз од домаќинот Хрватска го завршија настапот на турнирот во Хрватска што е и последна проверка пред заминување на Светското првенство во Полска.  Македонија одигра ефикасни натпревари  во Хрватска и  ја полнеше мрежата на противниците па така на двете средби постигнавме вкупни 72 погодоци.  Победата против Израел од 38-37 покажа дека можеме да играме силно темпо кои пак отвора простор и за противникот што резултираше со многу голови на двете средби. Против Израел само во првиот дел постигнавме 23 гола што ретко се случувало  но тоа покажува дека Македонија веќе игра поинаков ракомет а селекторот Лазаров по мечот изјави дека има време до стартот на Мундијалот да се поправи играта во одбраната. Задоволен сум момците, од прикажаното и на натпреварите и на подготовките – комплетно. Одбраната ќе ја поправиме, но треба да се знае дека играме силен ритам 60. минути. Нормално е да се прима и да се даваат повеќе голови, но има голем простор за напредок во нашата дефанзива. Ќе работиме на тоа до почетокот на Светското првенство“, најави селекторот  Лазаров. По настапот во Хрватска Македонија ќе тренира во Скопје и на 11. Јануари патуваат за Краков, градот домаќин на нашата група. Првата средба е со Норвешка, па со Холандија и на крајот со Аргентина. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons