Ердоган: Треба да продолжи процесот за целосно нормализирање на односите Турција – Ерменија
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешниот телефонски разговор со ерменскиот премиер Никол Пашинјан истакна дека треба да продолжи процесот на целосна нормализација на односите меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Ердоган.
Додека според Јавното радио на Ерменија, Пашинјан и Ердоган разговарале за процесот на спроведување на Договорот за отворање на копнената граница меѓу двете земји за лицата кои имаат дипломатски пасоши и за државјаните на трети земји.
Пашинјан на претседателот на Турција му го честита Курбан Бајрам, а Ердоган на ерменскиот премиер му го честиташе на ерменскиот премиер Вартавар, празникот Преображение, јави Радиото.