Ентони Дејвис е нов кошаркар на Далас маверикс
Како што и се најавуваше, еден од најголемите трејдови во историјата НБА лигата сега е и официјално потврден – Ентони Дејвис е нов кошаркар на Далас маверикс.
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го напушти Далас и одлучи кариерата да ја продолжи во Лос Анџелес лејкерс, а дресот на Маверикси ќе го облече Дејвис.
Овој неверојатен потег предизвика вистинска бура во кошаркарскиот свет, но и надвор од него.
Сепак, откако двата клуба го потврдија трејдот, стана јасно дека оваа неверојатна размена е реалност.
Далас маверикс веќе официјално го претставија Ентони Дејвис како нов предводник на тимот.