Актуелно

ЕНОРМНО ПОСКАПУВАЊЕ НА БЕНЗИНИТЕ – ова се новите цени, еве и по која цена ќе се продава дизелот од полноќ! 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 % во однос на одлуката од 4.05.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,261 ден/кг и сега ќе изнесува 53,848 ден/кг. 

Од 10.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 95                           90,50             (денари/литар)

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 98                           92,50            (денари/литар)

Дизел гориво                        ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                   89,50             (денари/литар)

Масло за горење                  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        87,50            (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                             53,848 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 3,129 %, кај дизелот има намалување за 1,064%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,958% и кај мазутот има зголемување за 0,344%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,223%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons