Елмас даде гол за Аталанта, прв во Серија А
Елиф Елмас постигна нов гол за тимот од Бергамо, овојпат во Серија А, погоди против Фросиноне за водство од 4-3.
Аталанта и Фросиноне играат луд меч, веќе резултатот е 4-4, а Елиф Елмас е еден од стрелците.
Македонскиот фудбалер погоди во 50. минута по една одлична акција за водство на Аталанта од 4-3. Ова е првиот гол за Елмас во Серија А во дресот на тимот од Бергамо. Претходно погоди за Аталанта во Конференциската лига.



