Експертите објаснија зошто пролетното чистење го подигнува расположението
Чистење на домот, особено деталното, познато и како пролетно чистење или „генералка“, е најдобриот лек за подигнување на расположението.
-Кога чистиме, ја подобруваме и нашата фокусираност бидејќи нередот и нечистотијата во околината често ни го одвлекуваат вниманието . Откако ќе се ослободиме од нив, имаме помала „дистракција“ околу нас – објаснува д-р Доун Потер, психолог во Клиниката во Кливленд.
Покрај „прочистувањето“ на умот, д-р Потер истакнува дека пролетното чистење може да помогне да се создаде чувство на контрола и достигнување. Ова значи дека чекорите што ги преземаме за да ја средиме нашата околина може значително да го подобрат нашето целокупно ментално здравје.
Бројни придобивки од чистењето
Ако не знаете од каде да почнете, д-р Потер советува да ги разделите задачите на помали делови и прво да се позабавите со најлесните. Исто така, не двоумете се да побарате помош од пријател или член на семејството.
Но, што ако одолговлекувањето ве спречува да започнете со чистење?
„Најдобриот пристап е едноставно да започнете, иако на почетокот можеби нема да се чувствувате мотивирани. Задолжително искористете ги оние убави денови кога сите се чувствуваме поживо и поенергично. И штом ќе започнете, ќе сфатите дека е многу полесно да ја завршите работата“, рече таа.
Експертите нагласуваат дека отстранувањето на физичкиот неред често води до емоционално олеснување, создавајќи простор за нови идеи и позитивна енергија.
Покрај придобивките за нашиот дух, темелното чистење на домот има значителни здравствени придобивки. Со отстранување на прашина, мувла и други алергени, го подобруваме квалитетот на воздухот во затворените простории, што е особено важно за луѓето со респираторни проблеми или алергии.
Експертите од клиникатаво Кливленд забележуваат дека редовното чистење ја намалува изложеноста на штетни материи и потенцијални надразнувачи, создавајќи поздрава животна средина за целото семејство.
Не треба да се занемари ниту физичката активност. Од чистење со правосмукалка до бришење прозорци, овие активности се форма на физичка активност која помага да се согорат калориите и да се одржува кондицијата.
За најдобри резултати, идеален е холистички пристап кон пролетното чистење – соба по соба, плакар по плакар, со редовни паузи за одмор. Овој пристап ја намалува можноста да се чувствувате преоптоварени од задачите и ја зголемува веројатноста за успешно завршување на „проектот“, велат експертите.