ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Снимка од пукањето во Штип – пукачот е во бегство
Штипската телевизија „Стар“ објави снимка од нападот со пиштол во кој вечерва во кафуле на градскиот плоштад во Штип напаѓач рани млад човек.
На вознемирувачката снимка се гледа како напаѓачот, кој според првичните, неофицијални информации е студент од Турција по име Бедри Полат, ладнокрвно влегува и во минување испукува неколку куршуми кон жртвата која седи во кафулето, по што мирно излегува од другата страна. Пукачот е во бегство, а полицијата трага по него, соопшти МВР.
https://www.facebook.com/share/v/15oxGBZGgX/?mibextid=wwXIfr