Свет

Европската комисија отвори Лабораторија за гранична безбедност 

Заедничкиот истражувачки центар (ЈРЦ) на Европската комисија денеска во белгискиот град Хел отвори Лабораторија за гранична безбедност, која е замислена како мрежа за соработка на агенциите за спроведување на законите во ЕУ.

Новата институција ќе ги поврзе постојните лаборатории на ЈРЦ, како оние за откривање траги на експлозиви, за воздухопловна безбедност, за наркотици, за нанобиотехнологија и за справување со беспилотни летала, со задача да развијат и тестираат нови технологии за управување со границите и да обезбедат обука за службениците за гранична безбедност.

Предвидено е Лабораторијата за гранична безбедност да соработува и со Фронтекс, Европол, Европската агенција за лекови, Меѓународната агенција за атомска енергија, како и со други меѓународни партнери.

По повод отворањето на Лабораторијата, комесарката за старт-апи, истражување и иновации Екатерина Захариева изјави дека е потребно изнаоѓање стабилно безбедносно решение за поврзани иновативни граничните решенија.

– Со тестирање на нови технологии, Лабораторијата за гранична безбедност на ЈРЦ ќе спроведува истражувања водени од потребата за обезбедување ефикасно управување со надворешните граници и Шенген зоната, додаде Захариева.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons