Дуплантис по 14. пат го урна светскиот рекорд
Арманд Дуплантис на Светското првенство во Токио постави нов рекорд во скок со стап, тој ја прескокна летвичката на висина од 6,30 метри.
За популарниот „Мондо“ ова беше 14. пат да го сруши светскиот рекорд, а само оваа година го направи тоа четири пати.
Победата Швеѓанецот ја обезбеди со прескокнати 6.15 за потоа од третиот обид да прескокне и 6.30 со што уште енаш ги помести границите во оваа дисциплина.
Рекордот кој петходно го постави на 12 август на златниот митинг во Будимпешта го подобри за еден сантиметар.
Во својата кариера, Дуплантис има три светски злата и едно сребро, како и уште две олимписки и три европски злата. Во Токио второпласиран беше Емануел Каралис одд Грција (6.00), а како трет заврши Куртис Маршал од Австралија (5.95).
Фото: The Olympic Games/X