Актуелно

Докторка од Гевгелија лекувала луѓе седум години, а немала диплома 

Докторка со години работела и лекувала луѓе без воопшто да има диплома за тоа.

Лекарка која дури во 2024 година се стекнала со државен испит за прво ниво општ доктор, во гевгелиската општа болница била вработена уште од 2016 година, кога со лажна диплома конкурирала на конкурс за вработување.

По цели осум години, вистината излегла на виделина кога докторката побарала од Лекарската комора да и се издаде лицанца за лекар специјалист анестезиолог.Докторката доставила уверение за завршен Медицински факултет во 2023 година а на Комората ѝ било нејасно како докторката која дипломирала во 2023 година, специјализацијата, за која се потребни пет години, ја завшила само неколку месеци подоцна, во 2024 година, со што се покажало дека докторката всушност дипломирала за време на нејзиниот работен стаж, а се вработила со приложување фалсификувана диплома.

По препорака од Лекарската комора, болницата во Гевгелија и го одземала специјалистичкиот стаж на докторката. Таа добила отказ и вчера потпишала дека ќе ги врати сите пари во рок од шест месеци, вкупно120 илјади евра, кои болницата и ги плаќала по основ на плати, одвоен живот, но и средставата кои болницата ги издвојувала годишно за нејзините специјалистички студии.

Претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева објаснува дека Лекарска комора нема механизам да ги контролира сите запишани студенти на медицински факултет и да проверува дали некој има пријавено дека положил испит, а нема положено. Потврдува дека докторката сега веќе има важечка лиценца за примарно здравство но пациентите во Гевгелија осум години ги лекувала без да има завршен медицински.

Директорот на болницата за утре е повикан на разговор во гевгелиското Обвинителство.

Ова не е единствен ваков случај. Граѓаните го паметат случајот кога доктор од Вевчани 6 години работел без диплома во здравствениот дом во Вевчани со лажни исправи, фалсификат уверение за положени испити на факултет за медицински науки и фалсификат уверение и лиценца од Лекарската комора.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons