МагазинНајново

Доаѓаат студени утра, Македонија се подготвува за минусни температури

Постудено време со утрински температури под нулата се очекува од претстојниот викенд во Македонија, најавуваат метеоролозите.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, а дневните ќе достигнат од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне околу 11 степени.

Од денеска следува период на стабилно и суво време со променлива облачност. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла, а од петок се очекува постепено намалување на облачноста.

Значително постудени ќе бидат утрата за време на викендот, кога на повеќе места во земјава минималните температури ќе се спуштат под нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons