Актуелно

До петок се очекува есенската потрошувачка кошница, ќе има ограничени цени за над 100 прехранбени производи 

До петок треба да биде завршена изработката на есенската потрошувачка кошница, која ќе вклучува околу 100 прехранбени производи. Работната група, составена од членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе спроведе симулација за можни ограничувања на цените или маржите.

„Ќе бидат направени пресметки со опции за намалување на маржите за 5, 10 или 15 проценти на малопродажба, или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата ќе покаже кое решение ќе биде најповолно за крајните цени на потрошувачите и какви ќе бидат фискалните последици од оваа мерка“, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши за МИА.

Предлогот и симулацијата на есенската потрошувачка кошница, како што истакнува Дурмиши, ќе бидат презентирани на следната седница на Владата, која ќе донесе одлука за намалување на цените на основните прехранбени производи за крајните потрошувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons