Спорт

Димитријевиќ заминува од Олимпија Милано? 

Репрезентативецот на Македонија Ненад Димитријевиќ би можел да ја напушти Олимпија Милано по само една сезона.

Димитријевиќ во италијанскиот тим пристигна по одличните настапи за Уникс, меѓутоа сега италијанскиот новинар Андреа Калцони пишува дека македонскиот плејмејкер може да го напушти еврлигашот.

Наводно, Олимпија сака да го ангажира Квин Елис од Тренто на местото на Македонецот. Димитријевиќ во Евролигата сезонава има 25 натпревари со просек од 7.9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8.5 по натпревар.

Во кариерата покрај Уникс, Димитријевиќ настапуваше за Валенсија и Ховентут Бадалона.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons