МагазинНајново

Денеска обилни врнежи од дожд, од недела вистински пресврт

Македонија денеска останува под влијание на облачна маса која ќе донесе врнежи од дожд, особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 20 l/m². Според УХМР, на повисоките планини во северозападниот дел од земјата врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите денеска ќе се движат во интервал од 3 до 7 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд и максимална температура до 13 степени.

Од УХМР најавуваат дека ваквото време ќе се задржи до сабота.

„Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер“, соопштија од Управата.

Промената на временската состојба се очекува во недела, кога ќе настапи значително заладување, а врнежите од снег ќе се прошират на планините и на некои повисоки места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons