МакедонијаНајново

 Денеска започнува чествувањето на светите Кирил и Методиј

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. Во Скопје пак, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска со свечености ќе ја одбележи 76-годишнината од основањето и прослава на патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај кој воедно е и ден на македонските образовни институции и просветните работници.

Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.

Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

В понеделник, во Апостолската палата, претседателката ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Сиљановска-Давкова потоа во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

Во составот на македонската државно-црковна делегација што ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија Елена Кузмановска-Биондиќ, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска,  митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Од 2007 година 24 Мај е државен празник на Македонија.

Во Скопје пак, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска со свечености ќе ја одбележи 76-годишнината од основањето и прослава на патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај кој воедно е и ден на македонските образовни институции и просветните работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons