МагазинНајново

Денес сончево и топло, од другата недела следат големи промени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, прогнозира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

До понеделник времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови, каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи, прогнозира УХМРправата за хидром.

Од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. В понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons