НајновоХроника

ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНА ОД ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ, укажана му е лекарска помош 

Двегодишно дете паднало од стан во зграда во скопската наслеба Аеродром, по што било однесено на клиниките „Мајка Тереза“. 

Како што јавува „Телма“ синоќа по полноќ во Итната медицинска помош било пријавено дека двегодишно дете паднало од втори кат од зграда во Скопје, повикувајќи се на изјава на д-р Караманов од Итната медицинска помош.

Порталот „Локално“ пак пишува оти двегодишното дете паднало од четврти кат од зградата во која живее, повикувајќи се на изјава од МВР. 

– На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало. На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons