Две тешки несреќи во струмичко, има загинати!
Две тешки сообраќајни несреќи се случиле во струмичко. Според информациите од СВР Струмица, вчера во 16:35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала, автомобил „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.В.(46) од село Сушево, струмичко, се превртел на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Втората несреќа се случила на регионалниот пат Р1402, односно на делницата од село Габрово до село Банско, каде загинал К.Д.(63) од село Градско Балдовци, струмичко.
Тој, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.



