МакедонијаНајново

Две лица приведени во Скопје поради прикривање таблички, одземени и возила

Две лица се лишени од слобода во Скопје поради основано сомнение за прикривање на регистарските ознаки на возилата што ги управувале, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во ноќта меѓу 13 и 14 февруари, во периодот од 19:00 до 03:00 часот, на подрачјето на Центар и Бит Пазар.

Полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, извршиле проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и контрола на четири возила. При контролата биле констатирани седум сообраќајни прекршоци, а по член 378 и член 380 од Кривичниот законик одземени се две возила.

Лишени од слобода се С.С. и М.А., кои управувале патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Кај нив е утврдено основано сомнение за сторено кривично дело по наведените членови од Кривичниот законик. Во рамки на акцијата е евидентиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје.

Покрај репресивните мерки, полицијата спровела и превентивни активности со постојани обиколки во парк на територијата на Капиштец, во близина на угостителски објект на булеварот „Партизански одреди“, како и кај игралиштето познато како „Дрвен Град“, поради секојдневното собирање на малолетни лица.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons