Македонија

Двајца поранешни државни советници во МВР добија кривични пријави поради злоупотреба на службена положба – ова се деталите 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Џ. и В.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот А.Џ., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за правни работи во Кабинет на Заменик на министерот во МВР, во својство на член на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во Министерството за внатрешни работи, на 15.07.2022, при вршење на селекција на пријавените кандидати, своерачно се потпишал на табеларниот преглед – рубрика „исполнува критериуми“ на кандидат за полицаец, иако според податоците кои биле внесени, кандидатот не ги исполнувал условите.

Второпријавената В.Ш., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за управување со човечки ресурси во Кабинет на Министерот за внатрешни работи, во својство на Претседател на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во МВР, не го спречила првопријавениот своерачно да се потпише во табеларниот преглед на постигнати резултати со што дозволила кандидатот за полицаец да биде внесен во ранг листата на кандидати кои поминуваат во следната фаза на тестирање и му овозможиле да биде избран и упатен на основна обука за полицаец во Центарот за обука при МВР, стои во полицискиот билтен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons