Спорт

Двајца Македонци ќе учествуваат на престижната трка „24 часа Ле Ман“!

Македонските мотоциклисти Синиша Кочоски и Христијан Бузалковски кон средината на април, ќе учествуваат на најтешката трка во историјата – „24 часа Ле Ман“.

Кочоски, кој е двократен шампион во БМУ и актуелен вицешампион во категоријата СТК 1.000, ќе биде дел од тимот Уни Серв Мото 82 од Чешка. Тој и Бузалковски ќе бидат први Македонци кои ќе настапат на трката на која учествуваат најиздржливите возачи во светот, што претставува уште еден голем чекор напред во нивните кариерата, како и голем напредок за македонскиот авто-мото спорт. 

„Ми претставува особена чест и задоволство што добив покана за настап на трката за која сонував од дете. Прво сакам да му се заблагодарам на клубот од Чешка, Уни Серв Мото 82 кој ми ја пружи оваа можност. Ветувам дека достојно ќе ги бранам боите на клубот и ќе го дадам максимумот во одлично светло да ја претставам Македонија. Подготовките за настап на најтешката трка на светот веќе се започнати. Моја цел и на ривалот, а сега колега Христијан Бузалковски е да се квалификуваме и да ја извозиме трката“, рече Кочоски.

Бузалковски минатата сезона го освои третото место во БМУ Европскиот шампионат, зад Кочоски и шампионот Димитар Митов.

„Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат. На Легендарната трка 24 часа Ле Ман да го видиме Македонското знаме е навистина чест, но и голема одговорност. Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот. 24 часа без престан. Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба, со Господ напред“, рече Бузалковски.

Трката „24 часа Ле Ман“ за мотоциклисти оваа година ќе се вози по 48. пат, а ќе се оджи во периодот од 17 до 20 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons