Два гола и асистенција за Чурлинов во Турција
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов го одигра најдобриот меч откако потпиша за Кочаелиспор, му даде два гола на Ерзурумспор, а имаше и асистенција.
Неговиот тим победи со 3-1, а за сите три гола е заслужен Чурлинов.
Македонецот во првото полувреме даде два гола, во 18. минута погоди со глава, а пред паузата зголеми на 2-0.
По осум минути игра во вториот дел асистираше за третиот погодок.
Чурлинов играше до 61. минута кога беше заменет.



