Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
Секое прејадување може да предизвика здравствени проблеми од мачнина, воспаление на панкреасот до покачен крвен притисок и ризик од срцев удар, предупредуваат лекарите. Посебно треба да внимаваат граѓаните кои практикувале пости и веднаш да не јадат обилно и многу мрсно.
– После пролонгиран период на одржување на некаков пост каков и да е прејадувањето многу тешко ќе му падне на телото и капацитетот за обработка на таква особено мрсна храна е намален и да му дадеме шанса на телото постепено да се врати во кондиција, вели д-р Александар Митов, магистер по јавно здравје.
Да не се претерува и со јајцата, советува д-р Митов. Доколку се јадат умерено можат да бидат корисни за здравјето, бидејќи и науката докажала дека содржат многу хранливи материи меѓу кои супстанцата Холин која е добра пред се за мозокот и овозможува подобра мускулна функција. Во нив ги има и витамините Д и Б12.
– Јајцата беа долг период предмет на контрадикции, мимаше некои информации дека се штетни, дека го креваат холестеролот. Сега веќе прашината полека спласна. Станува јасно дека умерена употреба на јајца е корисна за нашето тело.
– Што се подразбира под умерена употреба?
– Под умерена употреба се подразбира едно до две јајца на ден или седим јајца во неделата, објаснува д-р Митов.
Со јајцата не треба да претеруваат ниту граѓаните кои имаат замастен црн дроб или проблеми со притисокот.
Сител ТВ