Актуелно

Грипот забрзано се шири, ординациите се полнат со пациенти

Грипот полека, но сигурно, зема замав. Предновогодишната еуфорија веќе се чувствува, а гужвите во затворени простории, пазарувањето во трговските центри и маркетите и ниските температури создаваат идеални услови за брзо ширење на вирусите – предупредуваат лекарите. Ординациите се полни со болни пациенти, а се зголемува и бројот на хоспитализирани на инфективните одделенија во болниците. Пациентите најчесто се жалат на болки во грлото и мускулите, омалаксаност и температура, а болеста често е проследена и со кашлица. Матичните доктори алармираат дека пикот допрва доаѓа.

Најголема стапка на зараза со грип има кај возрасната група од 15 до 64 години. Д-р Ѓорѓиевски смета дека највнимателни треба да бидат децата и хронично болните.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, бројот на заболени од грип за една недела е зголемен за 25%. Од почетокот на сезоната се регистрирани 776 заболени од инфлуенца. Препораката од лекарите е почитување на мерките за заштита. Најдобра превенција е вакцинацијата – во земјава повеќе од 70 илјади граѓани се веќе заштитени од грип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons