ГОРАТ ВАГОНИ ВО ДЕПОТО НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Причините не се познати
Горат стари и неисправни вагони на депото на МЖ – Транспорт во Кисела Вода. Противпожарните екипи се на терен со неколку противпожарни возила.
Според првичните информации пожарот избувнал во 01:20 часот на улицата „Трета Македонска Бригада, а интервенирале 20 пожарникари со осум противпожарни возила.
Причините за пожарот се уште не се познати.