Спорт

Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија

Европскиот шампион и домашен првак во мотоспорт, Петар Мијалков беше специјален гостин и претставник на Македонија на легендарното Мисано во Италија.

Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков настапи на патеката каде се возат најзначајните светски трки. Тој беше дел од ексклузивниот настан на култната „Misano World Circuit Marco Simoncelli“ во Италија, по добиената официјална покана од главните италијански увозници на брендот Michelin, со цел тестирање на нивните најнови тркачки пневматици.

Ваквиот повик во светот на мотоспортот претставува сериозно признание и ретка можност. За домашната спортска јавност, ова е доказ дека со континуирана напорна работа, врвна посветеност и конкретни резултати, границите можат да се поместат и да се стигне до највисокото европско ниво. Препознавањето на квалитетот на Мијалков надвор од границите на Македонија уште еднаш покажа дека домашниот мотоциклизам има потенцијал за големи дострели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons