МакедонијаНајново

Големата кашлица доминира кај школските деца 

Се повеќе училишни деца заболуваат од голема кашлица. Од денешните 10 случаи регистрирани во Скопје, 9 се основци и едно бебе од три месеци. Меѓу новорегистррианите има брат и сестра кои во исто време добиле пертусис, велат од Центарот за јавно здравје. Досега во главниот град има 120 и тоа во сите скопски општини. По бројот на заболени доминираат Карпош, Аеродром и Центар.

На болничко лекување во клиниката Козле има 4 пациенти кои според лекарите се во стабилна состојба. Три бебиња и дете од 14 години поради состојбата имале потреба од хоспитализација.

-Се уште хоспитализираме заболени кои имаат клиничка слика што не дозволува домашно лекување. Најчесто хоспитализираме млади доенчиња на три, четири, пет месеци и некое детенце кое има кашлица со напади, со апнеични кризи и тие се исто така индикациите за хоспитализација, вели д-р Мирјана Поповска, педијатар во клиника Козле.

Во Скопје од почетокот на февруари има епидемија на голема кашлица а во диспанзерите засилена имунизација на децата кои пропуштиле дел од вакцините. Илјадници овој период добиле заштита од пертусис, но она што ги загрижува лекарите е што во картоните гледаат дека кај многу е одложена и имунизација со МРП што ја намалува заштитата од морбили.

Освен во главниот град, случаи на пертусис има и во Куманово, крива Паланка, Гостивар, Тетово, Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons