Актуелно

ГОЛЕМА АКЦИЈА: Повеќе лица завршија зад решетки

На 20.09.2024 во 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.М.(39) од село Корешница, демиркаписко., затоа што на депонијата во Демир Капија бил затекнат од полициските службеници како пали душеци. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.09.2024 во 17.45 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 20.09.2024 во 21.50 часот во спортска обложувалница во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода М.Ж.(41) и Д.М.(32), двајцата од Штип, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.09.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 


На 20.09.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.09.2024 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Радишани, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons