Актуелно

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ – што ловат органите на прогонот 

Полициската акција во Тетово и Охрид  е координирана од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа започна рано утринава, а се вршат претреси на повеќе локации.

Според информации на медиумите, акцијата е резултат на подолго време следење на повеќе лица, од кои дел, неофицијално биле и под ПИМ мерки. 

Се наведува дека се гони посредување при проституција, дрога и оружје. 

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица. Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“, велат од Обвинителството.

Од Полицијата го велат следново.

„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица. Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“, се наведува од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons