Ги смири и ги насмеа сите – Д-р Беќаровски со став за мајмунските сипаници
Д-р Нико Беќаровски се огласи по повод новата закана за светот – мајмунските сипаници.
Со својот став ги смири, но и ги насмеа граѓаните.
Еве што пишува тој:
“Мајмунски” обид за повторен страв кај населениетореклама
1. Сите 92 случаи се регистрирани кај мажи меѓу 20-40 години.
2. Скоро сите не се вакцинирани за морбили и сите не се вакцинирани против Вариола Вера.
3. Сите пациенти се хомосексуалци и бисексуалци.
4. Во Македонија како и во целата ex Yu сите родени пред 1972 година се вакцинирани против Вариола Вера, а голем дел од помладите против Морбили.
ЗАКЛУЧОК: Слободно планирајте си ги летните одмори, ЗАСЛУЖИВМЕ, по две непреспиени години, порача Д-р Беќаровски.