Гавазова го сними телото во бикини и покажа со што располага – ни грам вишок, ни целулит (фото)
По напорниот период, одморот и дојде како кец на десетка
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова по турнејата во Америка реши да скокне до Мексико и „поштено“ да си ги наполни батериите.

И таа веднаш се пофали и покажа како ужива на ова место, а фотографиите што ги објави ги воодушевија оние што ја следат.
Имено, Гавазова на својот Инстаграм сподели неколку снимки кои сама ги сними додека се шеташе по убавата песочна плажа.

По успешната турнеја која во последен момент и се оствари затоа што одвај ја доби визата за Америка (повеќе за ова прочитајте тука), и снимените безброј новогодишни емисии во текот на претходниот месец за нашите телевизии, пејачката сега ги изненади сите со овие свои егзотични изданија од Мексико.
Таа покажа дека и покрај густиот распоред сепак успева да се одмори, но и дека никогаш не заборава на своите фанови.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа ги почести сите оние што ја следат на Инстаграм со овие изданија, а како изгледаше и какви костими за капење носеше, но и зошто се уште важи за најзгодната фолк-пејачка, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инстаграм/ Сузана Гавазова

glamur.mk