Времето денеска сончево – попладне невреме со засилен ветер
Денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладневните часови носат промена и локални врнежи од дожд проследени со засилен ветер.
Според синоптичките прогнози, наместа можни се услови за поизразена нестабилност, односно кратки невремиња со пороен дожд, грмежи и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите ќе се движат од 8 до 16 степени за минималните, односно од 21 до 29 степени за максималните дневни вредности.
Во Скопје слично време – сончево со мала до умерена облачност и со услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи во делови од котлината. Се очекува слаб до умерен северен ветер, со минимална температура до 14 и максимална до 24 степени.
Стабилното и претежно сончево време со мала до умерена облачност продолжува до крајот на работната седмица. Локални врнежи и попладневни невремиња со град се можни и утре, кога ќе дува северозападен ветер, кој од среда ќе премине во југоисточен.



