МакедонијаНајново

Вратени 11,6 тони пиперки од Бугарија поради пестициди

Пратка од 11,6 тони македонски пиперки е вратена од Бугарија откако во неа биле детектирани зголемени концентрации на пестициди.

За случајот е веќе известена Агенцијата за храна и ветеринарство, а директорот Оливер Миланов информираше за понатамошните чекори што треба да се преземат.

Според него, сè уште не е одлучено дали уништувањето на зеленчукот ќе се изврши во Бугарија или пратката ќе биде вратена во Македонија.

„Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник. Известени сме за конкретниот слуај, чекаме да видиме дали ќе бдие уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла“, изјави Миланов.

Доколку операторот или земјата увозник одлучат пиперките да бидат вратени, уништувањето ќе се спроведе на депонијата „Дрисла“ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons