Во Штип нема медицински персонал
Штипска клиничка се соочува со недостаток на лекари и медицински персонал. Првиот човек на болницата по реализираните 16 вработувања, достави ново барања до Министерствата за здравство и финансии за уште лекари, медицински сестри, физиотерапевти, болничари, хигиеничарки и друг персонал.
– Тоа е една бројка од 20-30 луѓе кои ги бараме и искрено се надевам дека ќе добиеме позитивно мислење од Министерството за финансии и тие вработувања да ги реализираме до крајот на годината, изјави Ален Георгијев, директор на КБ-Штип.
Заврши и процесот за добивање на специјалзации и субспецијализации за лекари во штипската Клиничка болница.
– Во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени нивните имиња, согласно одлуката на Управниот одбор, ќе бидат доставени до деканите на соодветните Медицински факултети и се надевам дека веќе во октомври ќе им бидат изготвени решенијата и првата група на лекари ќе тргнат со специјализации и субспецијализации. Имаме предвидено и за наредната 2024 година и останатите доктори кои сега не добија ќе ги решиме следната година, додаде Ѓеорѓијев.
Во овој здравствен регионален центар на почетокот на годината имаше недостаток од 100 вработени, а по три години конечно и млади лекари добија специјализации.