МакедонијаНајново

Во Скопје стигна до 3000 евра за метар квадратен, цената на становите ќе скока поради странските инвестициски фондови

Странските инвестициски фондови кои на големо купуваат станови во Скопје, уште повеќе ќе ја зголемат цената на станбениот квадрат, кој во метрополата стигна и до 3.000 евра. Ова во емисијата Бизнис 21 го потврдија Ивица Јаќимовски, претседател на градежната комора при Сојузот на стопански комори и Слободан Митровски, од Агенцијата за недижности „Асторија“. Дански инвестициски фонд веќе потврди дека купил 250 станови во изградба на атрактивни локации во Скопје, а намерата им е за кратко време да стигнат до 1.000 станови.

„Секако ќе ги покачи. Самите информации кои испливаа во јавноста, мораа да излезат секако, ќе трпи корекција секако цената према повисока цена за жал. Таа и сега е релативно висока“, изјави Митровски.

„Ако гледаме од гледна точка на тоа што го поставивте како прашање дека тоа би било причината за зголемување на недвижноста, тоа во некоја мера е така. Меѓутоа од друга страна покажува дека имаме стабилен пазар на недвижности, во однос на тоа кога веќе се направени анализи од фондови од европско или светско ниво“, рече Јаќимовски. 

Митровски смета дека Фондовите не ги купуваат становите за изнајмување бидејќи така инвестицијата нема да им се врати за 25 до 30 години,туку ги купуваат во изградба за да ги продадат по повисока цена и да заработат.
Се отвори и дебатата околу дивоградбите. Но и проблемот на граѓани кои со години не можат да дојдат до имотни листови за становите кои ги купиле.

„Има имотен лист го гледаш објектот, па јас го гледам на крај. Ако тој објект го извадил венецот горе во висина од метар и дваесет, што правиме ќе добие имотен лист?“. 

„Не. Имаме проблем, ама ние тогаш го гледаме. И тука треба да го фатат тој што е инвеститор, бидејќи ништо невозможно е случајно да избегаме“, рече Митровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons