ВО СКОПСКО УЧИЛИШТЕ: Родители нападнале наставничка
Родители нападнале наставничка во едно скопско училиште.
Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека вчера ја нападнале родителите на нејзината ученичка.
Тие ја нападнале 48-годишната наставничка во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.
Но, во полиција има и друга пријава за настан од вчера, односно родител пријавил дека наставничка во училиште на Бит Пазар нападнала неколку ученички во соблекувалната.