Македонија

Во пожар во скопски Илинден се запали црква, густиот  чад предизвика сообраќајка на автопатот кон Куманово 

Попладнево, поради искрење на жици пожар изби во селото Мршевци, Општина Илинден. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона. Во пожарот e запалена е црквата во селото Мршевци. Од овој пожар мирис на чад се чувствува и во Скопје.

„Од густиот чад на автопатот имаше намалена видливост поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен. Поради силниот ветер не може да полетаат ‘ер-тракторите’ и хеликоптерите и да се вклучат во гасење. На терен се скопската Пожарна, но и локално население. Со тешка маханизација се прават препреки пожарот да не се прошири“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Пожар од искрење на жици има и во Општина Куманово  и Општина Старо Нагоричане каде се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во земјава има 11 активни пожари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons