МакедонијаНајново

Во „Мерцедес“ од Србија донесени мигранти во Македонија

На 31.07.2022 во 21;45 часот на автопат Гевгелија-Скопје, кај клучка Миравци, патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки не застанало на знак за запирање даден од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“.

Набргу, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 лица мигранти кои биле спроведени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons