Актуелно

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, 15 за срце и 14 за црн дроб 

Во земјава за трансплантација на бубрези чекаат 140 пациенти, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб – информираат надлежните и порачуваат дека медицински персонал има, но, потребно е да се едуцираат уште екипи и треба да се работи на зголемување на свеста за органодарителство.

За период од три години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, три црни дроба, девет срца и 20 коскени ткива.

Националната координаторка за трансплантација Маја Мојсова-Мијовска е задоволна од напредокот што е постигнат.

– Ако се споредуваме со Европа, сѐ уште сме на ниско ниво. Ние имаме само едно бебе кое го родивме, го проодивме, значи сѐ уште не е независно. Нас ни треба систем и генерално проектот што во суштина сега ќе го работиме заедно со Европска Унија, е на ниво на едукација, кампања особено за здравствениот персонал, бидејќи навистина е мал бројот на здравствниот персонал што работи на оваа проблематика. Би сакале да го прошириме и сметаме дека тоа ќе ни биде од голема помош за да направиме еден солиден систем, една здрава база на системот, којшто потоа би работел со некаква динамика – вели Мојсова–Мијовска во изјава за државната МИА.

Според неа, можеби граѓаните се информирани, но, таа верува дека има уште многу непознати работи за нив.

– Тие работи треба да ги дообјасниме како стручни лица и да зборуваме отворено за оваа работа. Верувам дека ние лекарите, најмногу можеме да го доближеме до граѓаните, не само медицинскиот, туку и емотивниот дел. Се надевам на успешни наредни години, во кои ќе се градиме и ние, ќе изградиме нешто повеќе, вели Мојсова–Мијовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons