МакедонијаПолитика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партијата која ја ограби државата, глуми морален судија! 

СДС, партијата која ја ограби државата, глуми морален судија!
СДС, партијата која систематски ја ограби Македонија, денес глуми борец против корупцијата! Наместо да молчат и да бараат адвокати за своите скандали, тие имаат дрскост да се закануваат со истраги?!  
Ова е врв на лицемерието и очајот на СДС. Додека беа на власт, Македонија тонеше во корупциски скандали, тендери вредни милиони завршуваа во џебовите на нивните луѓе, администрацијата беше полна со партиски војници, а судството служеше како заштитен штит за криминалците во нивните редови. Денес, кога народот им ја покажа вратата, тие се обидуваат да се перат со лажни напади и евтини конструкции.  
Корупцијата денес не е и нема да биде толерирана, без разлика кој е во прашање.Секој што ќе прекрши закон ќе одговара – но не врз основа на прес-конференции на СДС, туку врз основа на факти и институционални постапки.  
Срамота е што партија со толку црно минато има образ да зборува за корупција. Уште поголема срамота е што по толку порази, сè уште не разбраа дека народот веќе не им верува!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons