ВМРО-ДПМНЕ: СДС лажно се грижи за граѓаните, додека троши 100 илјади евра за партиска забава во Струмица
СДС од ден на ден само го покажува своето лицемерие и лагите.
На СДС им текнало да одат по маркети.
Тоа го зборуваат и прават луѓе кои за партиска журка наречена како манифестација за Ден на жената трошат околу 100 илјади евра.
СДС покажува само едно дека лажно се бори за граѓаните. СДС кога беше на власт крадеше, а денес со украдените народни пари си организира партиски настани.
СДС да одговори кој им плаќаше за бесмислениот партиски марш кој повеќе личеше на забава?
СДС да одговори и кој им ги плаќаше сметките по кафеаните и кафулињата во Струмица? Кој им ги плаќаше автобусите од Скопје за Струмица и неколкуте комбиња според наши информации десеттина комбиња?
СДС да престане да ги лаже граѓаните и да дава одговори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ