ВМРО-ДПМНЕ: Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст.
Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека државата се движи во правилна насока.
Овие резултати се производ на одговорни политики насочени кон капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и силна поддршка на домашната економија. Политиките и мерките кои ги креира Владата на ВМРО-ДПМНЕ создаваат услови за нови работни места, економски развој и повисок животен стандард.
Особено значајно е што Македонија според стапката на раст се наоѓа меѓу водечките европски економии. Во исто време, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година, што значи повеќе средства и подобри услови за живот на граѓаните.
Потврда за позитивните економски движења се и 17.000 новоотворени работни места. Ова е доказ дека економијата создава нови можности за вработување и обезбедува перспектива за младите и за сите граѓани кои сакаат да ја градат својата иднина во Македонија.
Во областа на јавните финансии се бележат исто така позитивни резултати. Јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон реализација на капитални проекти кои ќе придонесат за долгорочен развој на државата.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржување на финансиската стабилност, привлекување нови инвестиции и создавање услови за уште повисоки плати, пензии и подобар животен стандард.
Резултатите се видливи, економијата расте, инвестициите се зголемуваат, се отвораат нови работни места и се создаваат услови за посигурна иднина. Македонија продолжува по патот на развојот и напредокот.
Македонија забрзува!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



