ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено, да пазаруваат како обичните граѓани ќе видеа дека се намалија цените на над 1000 производи
Елитата на СДС која не е прибрана во државата од шетања низ ексклузивни дестинации, глуми загриженост за македонските граѓани.
Тие во маркет немаат стапнато, пошто целото нивно раководство живее на висока нога. Почнувајќи од нивниот претседател, Венко Филипче кој вози скапи автомобили и постојано летува за Дубаи, па се до неговата заменичка, Фани Каранфилова Пановска на која што месечните хонорари во невладината Сорос и се движеле по неколку илјади евра.
СДС да влегуваа и пазаруваат по маркети и продавници, ќе видеа дека над 1000 производи беа со намалени цени, и во континуитет се преземаат мерки за намалување на цените.
Инфлацијата во континуитет се намалува, споредено со периодот на владеење на СДС кога истата беше двоцифрена.
Според официјалните податоци, инфлацијата и скапотијата пред неколку години беше двоцифрена, за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година кога исто така СДС беше на власт, забележан беше раст од 9.4%, а индексот на цените на беше 7.0%.
Потсетуваме дека, исто така, СДС се тие кои што го зголемија и ДДВ на прехранбените производи што директно доведе до зголемување на цените на прехранбените производи.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки кои што уште минатата година ја стабилизираше економијата и после ваквото стабилизирање годинава следи нејзино заживување, кое што ќе доведе до одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Исто така, според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ